ЛУКСЕМБУРГ, МАЛТА И ТАЛИН ГО ИМААТ НАЈДОСТАПНИОТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО ЕВРОПА, ПАРИЗ И ЛОНДОН НАЈСКАПИОТ

Лондон, (Јуроњуз)

Главните градови на Луксембург, Малта и Естонија поради бесплатниот јавен превоз добија најдобри оценки во новата еколошка анализа на организацијата Гринпис, додека Даблин, Лондон, Амстердам и Париз се европските престолнини со најскапи карти.

Гринпис го анализираше јавниот превоз во 30 европски држави и заклучи дека цените во повеќето градови се превисоки и дека Европа е далеку од системот на јавен превоз кој е достапен за сите.

Покрај Луксембург и Малта, каде што јавниот превоз е бесплатен во целата земја, цените се релативно прифатливи само уште во Австрија, Германија и Унгарија. Австрија се најде на третото место поради воведувањето на „климатскиот билет“, кој важи за целиот јавен превоз во земјата.

На дното на листата е Бугарија, која не доби ниеден поен во четирите категории, а пред неа се Хрватска, Грција и Норвешка.

Најскап јавен превоз имаат Даблин, Лондон, Амстердам и Париз, каде што дневна карта чини над 2,25 евра.

Жителите на Прага ја плаќаат најевтината годишна карта од 156 евра, односно 0,60 евра дневно, па следуваат Братислава, Мадрид, Рим и Виена, каде што дневен билет чини 0,85 евра.

Талин беше првиот главен град во Европа која воведе бесплатен јавен превоз уште во 2013, но тоа не важи за туристите.

(Фото: АП)