ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ДОБИ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД МАЈКЛ ЏОРДАН ЗА НЕГОВИОТ 60. РОДЕНДЕН

Њујорк, (АП)
FILE - Basketball legend Michael Jordan speaks during a press conference ahead of an NBA basketball game between the Charlotte Hornets and Milwaukee Bucks in Paris, Jan. 24, 2020. Jordan is celebrating his 60th birthday on Friday, Feb. 17, 2023, by making a $10 million donation to Make-A-Wish America. It is the largest donation ever received from an individual in the organization’s 43-year history. (AP Photo/Thibault Camus, File)

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан утре ќе го прослави 60. роденден и по тој повод донираше 10 милиони долари за хуманитарната организација Make-A-Wish. Ова е најголемата донација што организацијата ја примила од поединец во нејзината 43-годишна историја.

Во изминатите 34 години ми беше чест да бидам партнер на Make-A-Wish, при што помогнавме да се донесат насмевка и среќа на многу деца. Нивните сила и издржливост во така тешко време се навистина инспиративни“, изјави шесткратниот НБА шампион.

Џордан, кој е сопственик на НБА тимот Шарлот Хорнетс, почна да ја поддржува Make-A-Wish во 1989 година и во меѓувреме ѝ донирал повеќе од пет милиони долари, исполнувајќи им желби на стотици деца низ цел свет. Во 2008 беше прогласен за главен амбасадор на организацијата.

Не можам да замислам подобар роденденски подарок од тоа да видам други како ми се придружуваат во поддршката на Make-A-Wish“, кажа Џордан.

(Фото: АП)