По неколку мирни дена, Македонија повторно бележи значителен пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот.
- Седумдесетгодишен велешанец, кој бил хоспитализиран пред три дена, е 89. жртва на КОВИД-19 во земјата.
- Во изминатите 24 часа се направени 332 тестирања, од кои 33 биле позитивни и тоа е најголемата бројка новозаразени од 26 април.
- Најмногу нови случаи има во Скопје (11) и Велес (9), па следуваат Прилеп со пет, Куманово, Тетово и Битола со по два, како и еден во Штип и Крива Паланка.
- Од почетокот на кризата, во Македонија се регистрирани 1.572 случаи на коронавирус.
- Бројката оздравени сега изнесува 1.079, 22 повеќе од вчера.
- Владата и Комисијата за заразни болести утре ќе решат како ќе биде регулиран полицискиот час овој викенд, а в сабота какви мерки ќе бидат на сила следната недела.