„Дипер андерграунд“ (Deeper underground) е насловен новиот фестивал на „Авалон продукција“, кој ќе се одржува од 14 до 16 август во касарната во Охрид. Капацитетот е адаптиран според протоколите за само 3.000 посетители од вечер или 20% од капацитетот на касарната.

„По откажувањето на масовниот фестивал Охрид колинг, успеавме Охрид, Македонија и регионот сепак да имаат неверојатно квалитетен електронски настан со најголемите имиња од хаус, драм ен бејз и техно сцената, и тоа по следниот редослед: Медуза на 14 август, Ел-Ти-Џеј Бјукем, Рони Сајз и Ем-Си Дајнамајт на 15 август и Артбат на 16 август.

Влезница за една вечер чини 1.200 денари, а блок влезница за сите три дена 1.990 денари.

„Секое друштво кое ќе присуствува ќе мора да држи физичка дистанца од друго друштво, што нема да претставува проблем, со оглед на тоа што капацитетот на локацијата е 15.000 посетители. Исто така, секој посетител со купената карта добива специјална маска на влезот, која задолжително ќе треба да ја носи за времетраење на настанот“, најавува организаторот.