МАКЕДОНИЈА СО НАЈМАЛА БРОЈКА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 9 ЈУНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија ја регистрираше најмалата бројка новозаразени со коронавирус по повеќе од еден месец, откако таа долго време во континуитет беше трицифрена, достигнувајќи го врвот во петокот, кога имаше 205.

  • Уште три лица починаа од последиците на коронавирусот (две од Скопје и едно од Штип), со што трагичниот биланс порасна на 385 мртви.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени 88 случаи на коронавирус (од 973 тестирања), најмалку од 9 јуни.
  • Тие се регистрирани во 16 градови, но мнозинството се во Скопје (30), Штип (13) и Струга (11).
  • Вчера беше надмината границата од 8.000 заразени од почетокот на кризата и досегашната бројка изнесува 8.197.
  • Бројот на оздравени се зголемува во однос на бројот на активни случаи: 4.326 наспроти 3.846.