Македонија до крајот на месецот ќе укине некои од последните рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, отворајќи ги и аеродромите на 1 јули.
- В петок се отвораат сите гранични премини, при што нема да има никакви ограничувања за патниците.
- Тие нема да треба да приложат доказ за негативен тест за коронавирус, ниту ќе одат во домашна изолација или државен карантин.
- Истиот ден се укинува и забраната за организиран превоз.
- На 1 јули се отвораат меѓународните аеродроми во Скопје и Охрид.
- Овој петок со работа продолжуваат и теретаните и фитнес центрите, а угостителските објекти ќе смеат да ги служат гостите и во внатрешниот дел, откако неодамна го вратија и старото работно време до полноќ, односно до еден часот во викендите.
- Четири починати и 118 новозаразени со коронавирус е билансот во Македонија во изминатите 24 часа.