Современата танчерка и кореографка Матеа Киселичка вечерва ќе настапи на Гала вечерта на „Пролетниот фестивал“ во Куншан (Кина) со која се одбележува соработката помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, вели Скопје танцовиот театар (СТТ). Во „Гала вечерта“, на која ќе присуствува дипломатскиот кор, како и значајни личности и уметници од Кина и Европа, ќе настапат повеќе уметници од различни категории, кои ги претставуваат своите земји и ја промовираат соработката која се одвива во последните неколку години. Настанот има за цел да ја обедини суштината на традиционалната и современата уметност на земјите учеснички, користејќи високотехнолошки и аудиовизиуелни методи за репродукција на врвните достигнувања на нивната култура и уметност.
Киселичка ќе настапи со своја кореографија, која содржи етно елементи од македонските народни и традиционални ора, моделирани преку вокабуларот на современиот танц. Музиката е на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, „Еј ти момче Охриѓанче“.
Киселичка е дел од првата генерација современи танчери, едуцирани во нашава земја на Скопје танцовата академија и е дел од Скопје танцовиот театар од неговото основање. Во моментов таа работи како универзитетски професор на „Конзеравториумот за музика“ во Ханџо, Кина, на кој предава современ танц.