МЕЛАНИЈА ТРАМП ДОБИ ОВАЦИИ ОТКАКО ДОЈДЕ СО ПОЧЕСНИ ГОСТИ НА ГОВОРОТ НА СВОЈОТ СОПРУГ

Вашингтон, (Си-Ен-Ен)
WASHINGTON, DC - JANUARY 30: First lady Melania Trump arrives for the State of the Union address in the chamber of the U.S. House of Representatives January 30, 2018 in Washington, DC. This is the first State of the Union address given by U.S. President Donald Trump and his second joint-session address to Congress. (Photo by Mark Wilson/Getty Images)

Меланија Трамп доби стоечки овации и беше видно трогната кога се појави во Капитол хил за првиот говор за состојбата на нацијата на нејзиниот сопруг и тоа го направи како ниту една прва дама пред неа.

Таа ја прекрши традицијата и место да дојде заедно со Доналд Трамп, пристигна со друг автомобил со своите посебно избрани гости неколку минути подоцна. Доналд и Меланија не се видени заедно во јавност уште од нова година и ова само ги засили шпекулациите дека имаат брачни проблеми, што подоцна го демантираше нејзината портпаролка Стефани Гришам.

„Тие ќе се вратат во Белата куќа заедно, со исто возило“, кажа Гришам.

Меѓу почесните гости на Меланија Трамп беше и полицаец кој посвои бебе од наркозависничка (Фото: Гети)

Меланија Трамп избра елегантна бела комбинација за говорот на својот сопруг, костим од „Кристијан Диор“ и блуза од „Долче и Габана“ и нејзиниот изглед ги потсети аналитичарите на случката од минатата година, кога демократските пратенички носеа бело во Конгресот, во знак на протест против политиките на Трамп.

Првата дама седна меѓу полицаецот од Ново Мексико, Рајан Холетс и 12-годишниот Престон Шарп, за кои во еден твит кажа дека се од „почесната група од 15-мина забележителни херои и преживеани“.

Холетс посвои бебе од наркозависничка, а малиот Шарп организираше акција на положување на 40.000 знамиња и цвеќиња на војнички гробови.

„Таа сакаше да им оддаде почит на своите гости како на вистински херои“, појасни Гришам зошто Меланија не дојде со Доналд Трамп.