Вечерва во 20:30 часот во Чифте амам ќе се отвори изложбата „Визуелна артикулација“ на уметникот Михаил Корубин, што е дел од Скопско лето.
„Секојдневно гледаме по стотици ликови, но сепак ќе се појави некој лик кој ќе ве изненади, натажи, воодушеви или насмее. Фасцинантно е колку сме генетски исти, а сепак толку различни… Нос, уста, очи, веѓи”, вели Корубин.
Михаил Корубин е роден во Скопје во 1986. Тој е третата генерација визуелни уметници во неговото семејство: син е на Рубенс Корубин и внук на Миле Корубин. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, а магистрирал сликарство на истиот факултет во класата на проф. Благоја Маневски.