МКЦ СО КОНЦЕРТИ, ПОЕЗИЈА И УМЕТНОСТ ЗА 58-ГОДИШНИНАТА ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложба, филмски проекции и концерти се дел од настаните со кои Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска одбележува 58 години од скопскиот земјотрес.

„’МКЦ за Скопје’ е настан што нѐ потсетува на солидарноста на скопјани, солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето“, велат од МКЦ.

  • Во 19:30 часот во Џебното кино ќе се прикаже краткиот илм „Јули“ на Сезер Салихи.
  • Во 20 часот во бифето ќе има проекција на „Ехо на ехото на мојот град“, краток филм на Борјан Стојков.
  • Во 20 часот ќе се отвори изложбата „Пресоздавање“ на Јулија Манојловска.
  • 21 часот: Поетри слем во Паркот на МКЦ, со Игор Трпчески-Трпче, Цветанка Колева, Марија Грубор, Горазд Китановски-Кени и Елена Пренџова.
  • Во 21:40 почнуваат концертите во Паркот на МКЦ, а ќе настапат „Хајка“, „Стоунд хеџ“, „Колумн стил“ и „Виножито“, нов проект предводен од фронтменот на „Суперхикс“, Петар Младеновски.