По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани.
Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски (со снимен глас), како и танчарот Дејан Битровски.
Билетите ќе можат да се подигнат на денот на изведбата, од 14 часот на билетарницата на МНТ.
(Фото: МНТ)