МНТ СО „НЕМА ДА БИДЕ КРАЈ НА СВЕТОТ“ НА ФЕСТИВАЛ ВО ИТАЛИЈА

Скопје, (СМАРТ:СДК.МК)

Претставата „Нема да биде крај на светот“, која е копродукција на Македонскиот народен театар (МНТ), Перипетија продукција од Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР утре ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

Фестивалот на музика, танц и театар се одржува во спомен на писателот Матео Латино.

Во претставата во режија на Нина Николиќ, која досега доби повеќе од 10 награди, играат Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ.