Утре (27) мај во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи мултимедијален настан, „Дозволете да ве забавиме и образуваме“ во организација на музичката платформа „Терапија“.
Ќе учествуваат уметници и артисти од Македонија, но и од државите од регионот, како: Богомир Дорингер, Србија (артист, истражувач и куратор), Астрит Исмаили, Косово (артист), Voin de Voin, Бугарија (артист, куратор и активист), како и Агнес Нокшиќи, Косово (диџеј).
Модераторка е Ивана Драгшиќ. Во ликовниот дел, изложбa ќе има уметникот Антони Мазневски.
Перформансите, предавањата ќе се однесуваат на електронската музика, клупската сцена, квир културата и рејвот, феминизмот.
Билетите се по цена од 200 денари и можат да се набават при влезот во НОБ.