МУЗИЧАРИ ОД МАКЕДОНИЈА, СЛОВЕНИЈА И ГРЦИЈА НА 2. СКОПСКИ ГРАДСКИ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Второто издание на Скопскиот Градски Фестивал ќе се одржи денес во 19 часот во Домот на АРМ. Концертот е преместен од првично најавената локација на Школка поради врнежите од дожд.

Концертот е во организација на „Баги комуникации“, од каде ги најавуваат настапите на македонската фјужн група „Зулу 3.“4, потоа на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група Танос Ставридис и дром.

„Зулу 3.4“ е инструментален бенд од Скопје, основан во март 2018 дд тројца млади љубители на џезот, чија цел беше да создадат уникатен звук преку спојување различни стилови и да внесат свежина на македонската музичка сцена.

Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист, а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано.

Танос Ставридис е водечки грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника. Тој ќе го промовира својот нов албум, прогласен за еден од најдобрите европски албуми со музика од светот за 2021 година.

Влезот е слободен, но задолжителен е ковид сертификат.