НА 5 АПРИЛ ПРОМОЦИЈА НА СТРИП ОД ГАЈА СМИЛЕВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 5 април од 19 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе биде претставен стрипот „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска. Промоцијата ќе биде во вид на разговор на авторката со визуелните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.

Стрипот „Скрши што судбината гради“, во издание на издавачката куќа „Флип Бук Букс“, црпи инспирација од историски средновековни настани и Византиската империја која владеела на овие простори.

Издавачот вели дека авторката преку ликовите ја тематизира релацијата на младите луѓе со домот, градејќи возбудлива имагинарна авантура, што на делото му дава посебност, својствена за историографска метафикција.