НАЈДОБРИТЕ ФОТОГРАФИИ КОИ ВО 2019 ПРИСТИГНАА НА ЗЕМЈАТА ОД ВСЕЛЕНАТА

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Во услови кога неколку скапи вселенски мисии се во тек, а некои од нашите најмоќни телескопи се насочени кон најфасцинантните цели во вселената, оваа година кон Земјата пристигнаа неверојатни фотографии од длабочините на Сончевиот систем.

Вселенското летало „Џуно“ на НАСА испраќа прекрасни фотографии од облаците на Јупитер уште откако влезе во неговата орбита во 2016 година. Оваа слика беше составена од четири одделни фотографии снимени на 29 мај. Во тоа време, „Џуно“ помина блиску до Јупитер, на оддалеченост меѓу 18.600 и 8.600 километри.

Откако го истражи Плутон во 2015, „Њу хорајзон“ тргна кон поинаква цел во појасот Кујпер, што се наоѓа зад орбитата на Нептун. Појасот е населен со илјадници примитивни ледени објекти, кои даваат увид во самите почетоци на нашиот Сончев систем. Научниците се фокусираа на објект наречен МУ 69, откриен во 2014. Излезе дека тој е долг 39 километри и се состои од две споени ледени топки.

Ета Каринае е ѕвезден систем лоциран на оддалеченост од 7.500 светлосни години. Тој се состои од најмалку две ѕвезди кои испуштаат пет милиони пати повеќе енергија од нашето Сонце, создавајќи неверојатни огномети.

Роверот „Кјуриосити“ го истражува кратерот Гејл на Марс од 2012 година и тој го направи ова селфи додека бил на падините на планината Шарп.

На 3 јануари, Кина стана прва земја која успеала да спушти летало на далечната, темна страна на Месечината.

Телескопот „Хабл“ направи фотографија од спирална галаксија наречена НГЦ 772, која е 130 милиони светлосни години далеку од нас. НГЦ 772 има многу сличности со нашиот Млечен Пат.