Рафлезија често се нарекува „чудовиштен цвет“ поради своите паразитски димензии и одбивна смрдеа и индонезиски истражувачи сега го пронајдоа неговиот најчудовиштен примерок.
Овој светлоцрвен цвет кој испушта мирис на месо што се распаѓа процути во распон од 117 сантиметри во џунгла во Западна Суматра и тамошните истражувачи велат дека тоа е најголемиот цвет досега пронајден.
„Во 2017 пронајдовме ваков цвет со дијаметар од 107 сантиметри. Ова е најголемиот од 31 вид рафлезија што постојат низ светот“, вели конзерваторот Аде Путра.
Ова растение нема ни корен, ни листови, туку е паразитско. Рафлезија се храни со растението-домаќин на кое што живее, црпејќи ги неговите хранливи состојки и вода. Таа е видлива дури откако ќе се пробие низ растението-домаќин и ќе ги открие своите цветови. Отворената „уста“ на цветот испушта непријатен мирис, сличен на распаднато месо, што привлекува муви и други инсекти.
Сепак, колку и да е голема, животниот век на рафлезијата е многу краток. Нејзината „уста“ останува отворена само една недела, по што се распаѓа и умира.