Фосил на 560 милиони години старо суштество, за кое научниците веруваат дека било првиот животински предатор, е именуван според британскиот природонаучник и документарист Дејвид Атенборо.

Научниците велат дека Auroralumina attenboroughii е најстарото суштество за кое се знае дека имало скелет и е поврзано со група која ги вклучува коралите, медузите и анемоните.

Општо уверување е дека модерните животински групи како медузи се појавилае пред 540 милиони години за време на камбриумската еволуциска експлозија. Но, овој предатор е постар за уште 20 милиони години. Крајно возбудливо е да се знае дека овој фосил потекнува од времето кога на Земјата почнал да се развива сложен живот“, изјави британскиот палеонтолог Фил Вилби.

Фосилот е пронајден во шума близу Лестер, каде што Атенборо порано одел во потрага по фосили.