НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ОБЈАВИ ОНЛАЈН ЛИКОВЕН ПРОЕКТ ЗА ДЕЦАТА КОИ НЕ ЖИВЕАТ ВО ЗЕМЈАВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Го сакам мојот роден крај“ e најновиот онлајн ликовен проект на Националната галерија на Северна Македонија, на кој можат да учествуваат сите деца кои немаат постојан престој во земјава и кои оваа година не се во можност да дојдат во посета.

Проектот ќе биде отворен во текот на целото лето за деца на возраст од 4 до 17 години. Темата и мотивот на ликовниот проект треба да бидат врзани за Северна Македонија и за нејзините култура и традиција и нема ограничување во поглед на креативните техники.

Креациите можат да се испраќаат на [email protected] или да се објават на Фејсбук и Инстаграм, со хаштагот #ГоСакамМојотРоденКрај.