НЕ ЗНАМ ДАЛИ САКАМ ДА СЕ ВРАТАМ ВО НОВАТА СЕЗОНА НА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“, ВЕЛИ АКТЕРОТ ЛУКАС БРАВО

САД, (Си-Ен-Ен)

Актерот Лукас Браво има неколку забелешки за неговиот лик „Емили во Париз“ и вели дека се мисли дали да се појави во петтата сезона.

Францускиот актер се појави во хит серијата на Нетфликс како Габриел, париски готвач кој беше еден од централните љубовни интереси на Емили (Лили Колинс) во текот на четирите сезони на серијата откако дебитираше во 2020. Тој сега не е задоволен од тоа во која насока се движи неговиот карактер.

„Секси готвачот беше дел од мене во првата сезона и се разделувавме сезона по сезона поради изборот што го прави и поради правецот накај кој го тераат да оди“, изјави Браво.

„Никогаш не сум бил подалеку од него отколку сега“, додаде актерот.

Браво е нестрплив да види дали серијата на Нетфликс во петтата сезона ќе го врати вистинскиот карактер на Габриел, велејќи дека се надева оти ликот ќе се врати на своето како „забавен, дрзок, разиграан и жив“.

„Три сезони играм меланхоличен, тажен, депресивен и изгубен лик и веќе не е забавно. Тоа е комедија, сите се забавуваат околу мене, сите скокаат наоколу, а јас само полека тонам во кој знае што“, рече тој.

И покрај тоа што Браво рече дека им ги кажал на продуцентите за своите грижи, рацете му биле врзани.

„Со сезони се обидував да внесам нијанси, но немаме голема слобода на снимањето. Не можеме да смениме збор или емоција. Тие знаат што сакаат и ние само треба да се согласиме“, рече тој.

„Сето ова ме тера да се запрашам дали сакам да бидам дел од новата сезона“, додаде Браво.

 

Фото: Нетфликс