Американската пејачка Ники Минаж е приведена на аеродромот во Амстердам поради поседување дрога.
Минаж го снимаше разговорот со полицијата и видеото го објави на Икс, поранешен Твитер. На видеото се слуша како Минаж ги прашува полицајците зошто е уапсена и дека ѝ е потребен адвокат, бидејќи не знае каде ја водат. Полицаецот ѝ одговара дека мора да оди во полициска станица бидејќи во нејзиниот багаж е најдена дрога.
Холандската полиција соопшти дека 41-годишна Американка била уапсена под сомнение дека поседувала лесни дроги, но не го наведе името на жената за која станува збор.
Американската пејачка требало да лета за Манчестер, каде вечерва требало да има концерт, кој беше откажан во последен момент.