НИКОЛА ЃУРИЧКО СО СТЕНД-АП НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

Српскиот актер Никола Ѓуричко вечерва (15 јули) ќе има стенд-ап на Охридско лето, во 21 часот на сцената на Долни Сарај. Претставата е насловена „Шоу биз“.

„’Шоу биз’ на хумористичен начин раскажува интересни детали од живот на актерот и како што самиот вели, станува збор за ‘некои нови животни искуства и знаења што сака да ги сподели со луѓето’“, велат од Охридско лето.

Лани, актерот двапати гостуваше со претставата во Филхармонијата.