Норвешкиот режисер Јо Стромгрен вечерва на Млад отворен театар (МОТ) ја носи претставата „Болницата“. Претставата се игра од 20 часот во киното Фросина во Младински културен центар.

„Ова е првата претстава на ‘Јо Стромгрен компани’ со целосен женски кастинг, што наиде на изненадување кај повеќето поради навидум мажествениот имиџ на компанијата. Ваквиот избор донесе свежина и нова инспирација за театарот. Претставата стана силна потврда на филозофијата на компанијата за употреба на бесмислен јазик и локална естетика во претставите“, велат од фестивалот.

Во Универзална сала, од 22 часот, е претставата „Над земја под облаци/некаде помеѓу“, според концепт и текст на Ирем Ајден од Турција. Ајден ги обработува ефектите на тековните настани врз нашите секојдневни животи и како ја примаме трагедијата преку технологијата денес.