На 13 мај од 20:30 часот, во Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи концертот „Индустриска симфонија“ (Industrial Symphony), алтернативен музички проект на Битолскиот оркестар „Дива“.
„Станува збор за енергично и поинакво музичко доживување кое ветува динамична атмосфера и публика на нозе од почеток до крај. Концертот носи оркестарски изведби на познати песни од ‘Продиџи’, ‘Рамштајн’, ‘Кемикал брадерс’ и други, претставени на начин што ретко се гледа на домашната сцена. Овие композиции важат за предизвик дури и за искусни изведувачи поради нивната ритмичка комплексност и специфичен електронски звук. Токму затоа, се впуштаме во храбар концепт, спојувајќи ја класичната оркестарска изведба со суровата енергија на алтернативната музика“, велат од оркестар „Дива“. Ќе диригира маестро Владимир Димовски.
Билетите за концертот во продажба онлајн преку yournextevent.info.