НОВ ЗЕЛАНД Ѝ ПОРАЧА НА АВСТРАЛИЈА ДА СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО

Окленд, (Си-Ен-Ен)

Привремениот премиер на Нов Зеланд, Винстон Питерс, ја обвини Австралија дека го ископирала знамето на неговата земја и им порача на соседите да смислат свој дизајн.

„Ние го имаме нашето знаме веќе долго време и тоа е ископирано од Австралија. Австралија би требала да го промени своето знаме и да го почитува фактот дека ние први сме го имале овој дизајн“, кажа Питерс, кој ја менува Џесинда Ардерн додека таа е на породилно отсуство.

Знамињата на двете земји се навистина слични: темносина основа, знаме на Велика Британија во горниот лев агол и неколку ѕвезди. Разликата е што петте ѕвезди на знамето на Австралија се бели, наспроти црвените кај Нов Зеланд, и на него има една ѕвезда повеќе со седум краци, кои ги претставуваат државите и териториите на Австралија.

Знамето на Нов Зеланд е усвоено во 1902 година, повеќе од пет децении пред да биде признато официјалното знаме на Австралија во 1954 година.

Односите помеѓу двете земји не се идеални последниве години, кога Австралија има депортирано стотици Новозеланѓани.

Нов Зеланд потроши 17,6 милиони долари на референдумот за промена на своето знаме во 2016 година, но тој беше неуспешен.