КНИГАТА НА АТАНАС ЧУПОСКИ ЗА ТАРКОВСКИ ДОСТАПНА НА САЈТОТ НА КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Книгата „Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А. А. Тарковски“ на д-р Атанас Чупоски е достапна на веб-страницата на Кинотеката. Книгата излезе во 2012 и има речиси 250 страници.

„Основен предмет на ова истражување, преку компаративно, интердисциплинарно вкрстување на методите на митокритика, наратологија, филмска теорија и православна христијанска аскетика, се христијанските слики и симболи актуелизирани во филмовите на Андреј Тарковски и спецификите на неговото филмско раскажување“, вели Чупоски, кој е писател, поет, сценарист и режисер.

Во книгата се анализирани филмовите на култниот советски режисер, „Андреј Рубљов“ (1966), „Сталкер“ (1979) и „Жртвопринесување“ (1986).