НОВИ РЕКОРДНИ БРОЈКИ ВО МАКЕДОНИЈА – 196 НОВОЗАРАЗЕНИ И 8 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На денот кога по три месеци завршува вонредната состојба, Македонија бележи рекордна бројка новозаразени и починати од КОВИД-19.

  • Осум лица на возраст од 31 до 81 година починаа од последиците на коронавирусот, најмногу во еден ден досега: четири од Скопје и едно од Струга, Охрид, Гостивар и Ресен.
  • Вкупната бројка починати порасна на 179.
  • Во изминатите 24 часа се регистрирани 196 нови случаи на коронавирус (од 1.213 тестирања), 16 повеќе од досегашниот рекорд, поставен на 5 јуни.
  • Шведска и Холандија денеска имаат помала бројка новозаразени од Македонија.
  • По градови, најмногу се во Скопје (90), Тетово (45) и Куманово (17).
  • Во земјата досега има 3.895 заразени, од кои 1.705 оздравеле, додека бројката активни случаи сега е поголема од 2.000.