ЊУЈОРК ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА ЦЕЛОСНО ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ НА МАРИХУАНАТА

Њујорк, (Ројтерс)

Властите на Њујорк конечно постигнаа договор за целосна легализација на марихуаната по неколку неуспешни обиди. Тој ќе стане 15. сојузна држава во САД која ја одобрила рекреативната употреба на марихуаната.

Предложениот закон ќе овозможи да се воспостави регулирана структура за контролирана продажба на марихуаната, при што на секој њујорчанец постар од 21 година ќе му биде дозволено да ја одгледува во домашни услови. Анкета спроведена во почетокот на месецот покажа дека 60% од жителите на Њујорк ја поддржуваат легализацијата.

Законот предвидува милиони долари што ќе се собираат од даноците од продажбата на марихуаната да се вложуваат во развојот на маргинализирани заедници.

Се очекува законот да биде усвоен следната недела, но до стапувањето на сила би можела да помине и цела година.