ОД 3 ДО 6 ОКТОМВРИ ВО МСУ ЌЕ ИМА ФЕСТИВАЛ НА ПЕРФОРМАНС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 3 до 6 октомври, во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје ќе се одржува четиридневен Фестивал на перформансот. Влезот е слободен.

Фестивалот е составен од две програми. Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија”, куриран од Биљана Тануровска-Ќулавковски и Славчо Димитров и содржи проекции, предавања и перформанси.

„Општата идеја на фестивалот е да се измислат различни начини на делување кои ќе се занимаваат со пренесување на уметничкото наследство во проширениот контекст на историјата на модерноста и засилување на рецепцијата на идеите и гестовите во релација со постојано еволуирачките чинови и форми, кои се во потрага по еманципација“, велат од МСУ.