Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Велешки театар ќе се изведе претставата „Одисеја“ според Хомер. Таа е проект на Драмски театар од Пловдив, автор на драмскиот текст е Александар Секулов, а режијата на Дијана Добрева. Во претставата настапува бројна актерска и танчарска екипа.
„‘Одисеја‘ е претстава за патувањето на срцето. Херојот, соочен со своето долго враќање во родната Итака, има нескротлив иноваторски дух, храбро стои пред перипетиите, го предизвикува непознатото, плаќа висока цена за знаењето и води жртвен спор со боговите за правото да има своја сопствена судбина. Човекот кој патува, преминува граници, лута и се враќа назад е метафора за цивилизацискиот немир“, вели режисерката Добрева.
Претставата е дел од официјалната програма на Фестивалот на античка драма „Стоби“.
П. ПЕЧКОВ