ОДЛОЖЕН КОНЦЕРТОТ „НЕШТО ШТО ЌЕ ОСТАНЕ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поради временските услови се одложува концертот „Нешто што ќе остане“, кој требаше да се одржи на 14 септември во скопскиот Парк на франкофонијата од 20 часот, објави Општина Центар.

Најавени беа настапи на Влатко Лозаноски-Лозано (фото), Пајак, Лара Иванова, Таско, Фиц и групата „Ди Инвизиблс“, а водител требаше биде актерот Сашко Коцев.

Од Општина Центар претходно кажаа дека од буџетот издвоиле 1.500.000 денари за овој настан.