Поморските биолози планираат спасување на околу 270 китови кои се насукаа на плиток песочен дел покрај западниот брег на Тасманија, што се смета за еден од најголемите инциденти од овој тип во Австралија. Владин тим утврди дека најмалку 25 китови веќе умреле.
Станува збор за вид на океански делфини кои можат да пораснат до седум метри и да тежат до три тони.
„Иако насукувањата не се невообичаени на Тасманија, вакво нешто не сме виделе повеќе од десет години. Тие се во вода, но тешко е да се каже колку од китовите се мртви или во каква состојба се“, изјави Ник Дека, регионалниот директор на Службата за паркови и див свет на Тасманија.
Од владата кажаа дека китовите се насукале во три групи, околу 200 километри од главниот град Хобарт. Акцијата на спасување треба да почне утре откако плимата ќе почне да се повлекува.