Викенд на гордоста Скопје ќе се одржува по осми пат од 2 до 8 септември во Музејот на современа уметност, Комитет и во кафе-барот „Шортбас“. Викендот на гордоста е фестивал за квир култура, уметност и теорија, а кураторска тема на годинешното издание е „Суров оптимизам“.
Фестивалот се отвора со групната изложба „Скршено“ на која ќе учествуваат повеќе уметници, ќе има перформанси, самостојна изложба на Јован Јосифовски, промоција на најновиот роман на Петар Андоновски, онлајн дрег шоу и диџеј сетови.
Фестивалот е во организација на Коалицијата Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира со поддршка од фондацијата „Хајнрих Бол“, Фондацијата отворено општество Македонија, Европска Унија и ИЛГА-Европа.