„ПАР РАСПАР“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА НА 27. ДЕНОВИ НА КОМЕДИЈА, ТРИ НАГРАДИ ЗА „КАКО ШТО САКАТЕ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, во режија на Нина Николиќ, е прогласена за најдобра претстава на 27. издание на фестивалот Денови на комедија во Куманово, додека „Како што сакате“ (фото) на Кумановскиот театар собра најмногу награди.

Најдобри актери се Фаик Мефаиловски за „Вечера за глупаци“ (Велешки театар) и Марија Минчева-Андонов за „Женидба“ (Штипски театар), додека наградите за најдобра споредна улога ги добија Марко Трајковиќ за „Како што сакате“ и Марија Новак за „Секс, лаги и љубомора“ (Охридски театар).

„Како што сакате (Ноќ спроти Водици)“, со чија премиера беше затворен фестивалот, доби уште две награди: за сценографија (Марија Ветероска) и за костимографија (Лидија Георгиева).

Најдобра режија е Куштрим Бектеши за „Итроштините на Патук“, во изведба на Театар Тетово.

Десет претстави беа на репертоарот на годинашниот фестивал, меѓу кои имаше и гости од Бугарија и Србија.

(Фото: Фејсбук)