Жителите на Париз изгласаа на референдум вчера уште 500 улици да станат пешачки, давајќи им нов импулс на напорите на градските власти за ограничување на користењето на автомобилите и за подобрување на квалитетот на воздухот. Околу 66% од гласачите ја поддржаа мерката, а 34% беа против, но излезноста беше само 4,06%. Советодавниот референдум го организираше општината.
Ова беше трет ваков референдум во Париз за три години: во 2023 беше изгласана забраната за изнајмување електрични тротинети, а лани беше одобрено тројното поскапување на паркингот за џипови.
Со новата одлука ќе бидат елиминирани уште 10.000 паркинг места, а парижаните ќе бидат консултирани за тоа кои улици да станат пешачки зони. Откако тоа ќе се спроведе, вкупниот број на таканаречените „зелени бели дробови“ ќе порасне на 700, што е една десетина од улиците во Париз.
Официјални податоци покажуваат дека сообраќајот со автомобили во градот се намалил за повеќе од половина откако Социјалистите дојдоа на власт на почетокот на векот. Сепак, и покрај последните промени, само 26% од градот е покриен со зеленило, додека просекот во главните градови во Европа е 41%.
(Фото: АФП)