Тревата во паркот Домино во Њујорк е исцртана со бели кругови од креда, за да се потсетуваат жителите да одржуваат физичка дистанца, како превентивна мерка од ширењето на коронавирусот.
Паркот во Бруклин е еден од првите во градот кој смисли нов начин на практикување на препорачаното растојание од два метра.

Вработените во паркот за четири часа ги нацртале круговите. Има околу 30 кругови со дијаметар од 2,4 метри.