ПЕТ МЕСЕЦИ ОД ПРВИОТ СЛУЧАЈ, МАКЕДОНИЈА СТИГНА ДО 10.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Точно пет месеци од првиот потврден случај на коронавирус, Македонија денеска стана 80. држава која ја поминала границата од 10.000 заразени.

  • Од направените 1.077 тестирања во изминатите 24 часа, 152 дале позитивен резултат.
  • Тие се распределени во 21 град, но најмногу нови случаи има во Скопје (39), Куманово (20) и Гостивар (15).
  • Досега починале 460 лица, бројка која е непроменета од вчера.
  • Од првиот регистриран позитивен тест на 26 февруари, вкупната бројка заразени порасна на 10.086.
  • 5.427 лица оздравеле, а 4.199 се активни случаи.
  • Според Универзитетот Џонс Хопкинс, на светот досега има над 16 милиони заразени и 645.000 починати од ковид-19.