ПО ОСУМ ГОДИНИ ОБИДИ, ФАН НА „КВИН“ СЕ ИЗБОРИ ФРЕДИ МЕРКЈУРИ ДА ДОБИЕ СТАТУА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

Сеул, (АФП)

Јужнокорејски бизнисмен и голем фан на групата „Квин“ си го исполни долгогодишниот сон да постави споменик на Фреди Меркјури во природна големина во својата земја. Бронзената статуа висока 1,77 метри, која го прикажува легендарниот пејач со кренати раце, е отворена неделава на островот Џеџу и чинела 37.000 евра.

Баек Сун-јеоб првпат побарал дозвола за изградба на споменикот во 2014. Иако Јужна Кореја најчесто се поврзува со К-поп, „Квин“ е многу популарен во оваа земја.

Педесет и седумгодишниот Баек вели дека како тинејџер ја слушал музиката на „Квин“ на пиратски снимки, бидејќи групата била забранета во Јужна Кореја во 1970-ите. Тогашниот режим на воениот диктатор Парк Чанг-хи, меѓу другото, им забранувал на мажите да носат долга коса.

Иако Баек не добил одговор на својот прв мејл, тој продолжил да ги праќа секој месец цели шест години, пред членовите на групата и нејзините менаџери да се согласат да се сретнат со него во Сеул во 2020. „Квин“ тогаш го одржа својот прв концерт во Јужна Кореја како резултат на големиот успех на филмот „Боемска рапсодија“