ПРЕМИЕРА НА „ДИВО МЕСО“ ВО РЕЖИЈА НА МАРТИН КОЧОВСКИ НА 8 НОЕМВРИ ВО СКОПСКИОТ АЛБАНСКИ ТЕАТАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Диво месо“, по текст на Горан Стефановски и во режија на Мартин Кочовски, премиерно ќе се изведе на 8 ноември (20 часот) во Албанскиот театар во Скопје. Играат Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Дритеро Аме, Џевдет Јашари, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Генци Мирзо, Хетем Етеми, Ментор Курти и Арбен Расими.

„’Диво месо’ е кратка историја на подемот и падот на индивидуата од почетокот на минатиот век до денес, со субјективна визија за судбината на индивидуата во блиска иднина. Горан Стефановски ни обезбедува простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното ‘наше’, човечко постоење и делување и со забележителен успех нѐ потсеќа дека човекот и никој друг е во центарот на светот и нештото. Сега кога конечно е завршено со постмодерната уметност и со ‘третата модерна’, а неокласицизмот се бори за здив, се издига новата ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност неизбежно е да се бавиме со ‘Диво месо’“, вели режисерот Кочовски.

Сценографијата е на Енес Деари, костимите на Едлира Ќушка, а музиката на Оливер Јосифовски.

Фото: Амернис Нокшиќи како Марија Андреевиќ/Албански театар