Во Народниот театар во Штип утре (19 октомври) од 20 часот ќе се изведе премиерата на претставата „Пијани“, според текстови на рускиот романсиер Фјодор Достоевски, полскиот драматург Иван Вирипаев и персискиот полимат Омар Хајам. Адаптацијата и режијата се на Дејан Пројковски (фото).
Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Раде Василев, композитор Горан Трајковски, драматург Габриела Коцева-Тулиев, дизајнер на плакатот Сергеј Светозарев, а во претставата играат Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Никола Кузелов, Анѓелка Нашкова, Елена Шорова-Дербов, Марија Минчева-Андонов, Ава Хусеини и Кристина Атанасова-Арсова, која е и в. д. директорка на Центарот за култура „Ацо Шопов“, во чии рамки делува Народниот театар.
„Првиот човек на установата е еднаков со останатите вработени, а со оглед на тоа што во случајот е актер, јас сум рамноправна со колегите и во глумата во која било претстава. Повторниот работен престој на Пројковски во Штип зборува колку тој како реномиран режисер ги цени Штипскиот театар и неговата актерска екипа“, вели Атанасова-Арсова.
Т. ЈОВАНОВСКИ
Фото: СДК.МК