Со претставата „Елементарни честитки“, во Албанскиот театар во Скопје заврши 18. издание на Меѓународниот театарски фестивал Скупи.
Претставата на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија ја доби специјалната награда на фестивалот, а за најдобра претстава беше прогласена „1984“ од авторот Џорџ Орвел. Во режија на Игор Менџиски, таа е продукција на Косовскиот национален театар од Приштина.
Специјалната награда „Луран Ахмети“ ја добија актерките Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ за претставата „Гидионов Јазол“, во режија на Селма Алиспахиќ, продукција на „Интермецо“ и фестивалот МЕСС од Сараево.