Седумнаесеттото издание на фестивалот Скупи ќе се одржи од 5 до 10 октомври во Албанскиот театар во Скопје. Организаторот најавува дека годинава ќе имаат гости од пет држави: Франција, БиХ, Косово, Турција и Бугаријa и една работилница која ќе биде предводена од режисерката Теа Беговска.
Цената на билет за секоја вечер е 200 денари.
На 5 октомври ќе се изведе претставата „Арбри” на Театар Ода од Приштина, следниот ден е „Под замокот” на „Физички театарски истражувања“, а на 7 октомври е претставата „Скршено на парчиња” на театарот „La Belle Meunière“ од Франција.
За 9 октомври е најавена претставата „Трамвајот наречен желба” на Сараевски воен театар (БиХ), што ја режираа актерите. Фестивалот се затвора со „Орфеј“ на Народен театар „Иван Вазов“ од Софија.
Фото: Сцена од претставата „Орфеј“