ПРОЧУЕНАТА ЈАКНА НА МАЈКЛ ЏЕКСОН Е ПРОДАДЕНА ЗА 306 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ НА АУКЦИЈА ВО ЛОНДОН

Лондон, (Би-Би-Си)

Прочуената кожна јакна што ја носеше Мајкл Џексон во 1980-тите е купена за 250.000 фунти (306.000 долари).

Црно-белата облека, која ја носеше Џексон во реклама за „Пепси“, се очекуваше да се продаде за помеѓу 200.000 и 400.000 фунти на аукцијата.

Мајкл Џексон ја носеше јакната во реклама за „Пепси“ во 1984 година. (Фото: Попстор)

На аукција во Лондон беа понудени повеќе од 200 парчиња облека и музички сувенири, меѓу кои и јакна на Џорџ Мајкл, сувенири од со Дејвид Боуви и „Битлси“.  Џексон ја носеше јакната во 1984 година, во првата од серијата реклами што суперѕвездата ја направи за компанијата за безалкохолни пијалоци.

Тие реклами главно се паметат по инцидентот во кој се запали косата на Џексон за време на едно снимање, оставајќи го со сериозни изгореници.

 

Фото: ПА Медиа