ПРОМОЦИЈА НА ДЕТСКАТА КНИГА „24 ЧАСА ВО ЕДНОРОЗИЈА“ НА КАНТАРЏИЕВА-ДИМКОВ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Вечерва во 19.30 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „24 часа во Еднорозија“ од авторката и новинарка Јасмина Кантарџиева-Димков. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“.

Во книгата, малата извидничка Дева е изгубена во густата шума на планината Би. Во потрага по неа тргнуваат нејзината сестра-близначка Дина, момченцето Јан и кученцето Путерче. Случајно ја откриваат чудесната, таинствена земја Еднорозија, во која живеат еднорози, самовили и волшебникот Моли. Многу одамна, злобниот принц Нолад фрлил страшна магија врз оваа прекрасна земја и оттогаш нејзините жители се заробени во неа.

Промоторка на книгата ќе биде уредничката Бисера Бендевска.