ПРОМОЦИЈА НА ГРАФИЧКА КНИГА ОД УМЕТНИКОТ СИМОН КАЛАЈЏИЕВ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ:СДК.МК)

Графичката книга „Верлосен, Арт-зборник“ од уметникот Симон Калајџиев, кој работи како илустратор во Токио, ќе биде промовирана в понеделник во 19 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје.

Промоцијата ќе биде во вид на разговор меѓу авторот, приредувачката Зориа Петкоска и промоторката на изданието Дијана Томиќ-Радевска. Книгата ја издаде издавачката куќа „Флип Бук Букс“ од Скопје.

„Верлосен Арт – зборник“ е иновативно издание од областа на научната фантастика кое содржи 70 цртежи од серијата насловена „Аракнајтс Готика“ на Калајџиев, како и 20 записи од 14 автори-приложувачи напишани како дополнување на цртежите.
На промоцијата ќе биде претставена и изложба на цртежи на Калајџиев од сериите „Аракнајтс Готика“, „Олпест“ и „Аракнајт ракописи“.

На промоцијата ќе настапи харфистката Џулија Масети од Велика Британија. Исто така ќе читаат и дел од авторите и преведувачите вклучени во зборникот.