Еден од најпопуларните македонски хип хоп музичари Антонио Аранѓеловиќ, попознат како Тонио Сан, вечерва во Младински културен центар во Скопје ќе промовира ново дело од неговата друга страст – стрип.
„Некои мали нешта“ е насловот на новата графичка новела на Аранѓеловиќ, на која тој работел во изминатите 18 месеци. Таа содржи дури 112 страници и е опишана како една од неговите најкомплетни и најсилни уметнички творби досега. Новелата ќе може да се купи по промотивна цена од 400 денари.
Во исто време, Тонио Сан најавува и музичко изненадување, односно промоција на видеоспот за негова песна, додавајќи дека „не сака да открива ништо повеќе за ова“.
Почетокот на настанот е во 20 часот.