Бројката починати од КОВИД-19 во Македонија порасна на 17, додека во еден ден се регистрирани рекордни 53 новозаразени.
- Во последните 24 часа е потврдено дека уште пет лица починале од последиците на коронавирусот, со што вкупната бројка сега изнесува 17.
- На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починале 71-годишна жителка на Лабуништа (Струшко) и 77-годишен пациент од Куманово, кои биле хоспитализирани во исклучително тешка состојба.
- Позитивен тест на коронавирус посмртно е потврден кај уште три лица: 78-годишен велешанец, 70-годишен маж од Куманово и еден странски државјанин кој во изминатите четири месеци престојувал во Скопје.
- Во Македонија има и 53 новозаразени, што е рекордна бројка во еден ден.
- Најголем пораст има во Струга, 14 нови пациенти, па следуваат Скопје со 13, Куманово со 8, Кочани со 6, Штип со 5, Прилеп, Гостивар и Тетово со по два и еден во Велес.
- Вкупната бројка заразени досега порасна на 483, од кои најмногу во Скопје (221), Куманово (93) и Дебар (49).
- Во последните 24 часа се направени 414 тестови.
- На светско ниво досега има 1,16 милиони заразени и над 62.000 починати.