РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШЕН БРАК Е ЖЕНАТА ДА НЕ ГО САКА МАЖОТ, РЕЧЕ ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ ВО МЈУЗИКЛОТ „ВЕСЕЛИТЕ ДЕВОЈКИ” ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Тијана Дапчевиќ, Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ и Ивана Петерс две вечери по ред ја развеселија публиката во Филхармонијата со мјузиклот „Веселите девојки”.

Петте шармантни актерки во мјузиклот се најдобри другарки од младоста, а собрани се на моминска вечер кај ќерката на една од нив. Забавувајќи се, тие ќе претераат со алкохол и ќе си ги кажат сите долго чувани тајни за среќните или пропаднатите бракови, за децата и за сексот, а ќе се открие и колку биле искрени една со друга. Во меѓувреме, тие пеат поп, рок и народни хитови од поранешна Југославија.

Мјузиклот од 2021 е хит во регионот (Фото: К. Попов)

Пеејќи балада од Силвана Арменулиќ и зборувајќи за својата прва невозвратена љубов, Тијана Дапчевиќ во еден момент рече: „Нема ништо полошо од невозвратена љубов во младоста. Рецепт за успешен брак е жената да не го сака мажот”.

Тијана Дапчевиќ очекувано доби најголем аплауз од гледачите, а Зорана Павиќ заедно со неа на крајот ја поздрави публиката која на нозе ги испрати.

„Веселите девојки“ е адаптација на истоимениот американски мјузикл и е во режија на Раде Вукотиќ. Мјузиклот од 2021 е хит во регионот.
М. ЏАРОВСКА

Фото: К. ПОПОВ