Од 13 до 19 септември во киното Синеплекс ќе се одржува „Ревија на македонски филм“.
Филмската ревија ги содржи речиси сите долгометражни филмови издадени во периодот од 2001 до 2018 година и неколку краткометражни издадени во текот на овие години.
Меѓу филмовите се „Прашина“ и „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски, „До балчак“ на Столе Попов, „ Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.
Оваа ревија е прва од ваков карактер на репертоарот на Синеплекс , а цената на билетот за секоја проекција е 100 денари.