„РИБЉА ЧОРБА“ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ, СО „АТОМСКО СКЛОНИШТЕ“ КАКО ГОСТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српскиот рок бенд „Рибља чорба“ ќе одржи концерт во Скопје, на 16 декември во арената „Борис Трајковски“. Бендот е основан во 1978 во Белград и досега има снимено 20 студиски албуми со фронтменот Бора Ѓорѓевиќ, кој во ноември полни 71 година.

Скопскиот концерт ќе биде потсетување на најголемите хитови на „Чорба“. Гости ќе бидат членовите на хрватскиот хард рок состав ,,Атомско склониште’’, кои се долгогодишни пријатели на бендот.

Влезниците се пуштени во продажба преку мрежата на „Купи карта“.

„Рибља чорба“ летоска одржа концерт во Античкиот театар во Охрид. Дел од песните беа посветени на басистот Миша Алексиќ, еден од постарите членови на бендот, кој почина во 2020 година.

(Фото: А. СТАНКОВИЌ)